Елисеијската палата ги демантираше тврдењата дека кокаин имало на масата на која лидерите на Франција, Германија и Велика Британија седеле во возот во текот на патувањето за Киев.
Во соопштението на Елисејската палата се наведува дека тоа што се гледа на масата било шамивче и дека лажната вест ја шират француски непријатели.
„Тоа е шамивче. За дување нос“, наведе кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон во објава на Икс, покрај фотографија (принтксрин) од снимката на која Макрон е насмеан покрај британскиот премеир Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Ова е европско единство. За изградба на мир“, наведе кабинетот на Макрон.
Покрај тие две фотографии, кабинетот на Макрон напиша дека лажната вест за користењето кокаин „ја шират непријатели на Франција, како и во странство, така и дома“.
„Кога европското единство ќе почне да предизвикува непријатност, дезинформации одат толку далеку што обично шамивче изгледа како дрога. Оваа лажна вест ја шират непријатели на Франција, како во странство така и дома/ Мораме да останеме претпазливи поради манипулациите“, наведе Елисејската палата.
Снимката на агенцијата „Франц прес“, настанала во возот во кој тројцата европски лидери патуваа во Киев на состанок со претседателот на Украина Володимир Зеленски, вчера се прошири на интернет.
На снимката се гледа како Макрон на масата зема бел предмет и го крие под раката, а потоа го става во џеб.
Снимката на Телеграм ја објави и портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, тврдејќи дека Макрон на масата има пакетче кокаин.
„Французинот, Англичанецот и Германецот седнаа во воз и…повлекоа. Толку е очигледно што пред доаѓањето на новинарот заборавиле да ги тргнат своите лични работи (пакетче и лажичка) напиша Захарова.