Во Париз е активиран план за заштита на бездомниците поради временската прогноза која предвидува температурите да паднат под нулата ноќе, а да не го преминат 4-тио степен Целзиусов преку ден“, пренесе денеска „Фигаро“.
Овој план вклучува зголемување на бројот на засолништа за дневен престој и сместување за итни случаи преку ноќ.
Поради многу ниските температури во последните неколку дена, канцеларијата на градоначалникот на Париз ја повика префектурата да го активира планот за вонредни ситуации во главниот град на Франција „без одложување“, предупредувајчи на “драматичната“ ситуација со која се соочуваат неколку илјади бездомници.
Префектурата Париз во соопштението наведе дека, покрај веќе постоечките капацитети за сместување, „ќе бидат обезбедени 300 дополнителни места кои ќе бидат отворени во текот на целиот зимски период во Париз“, како и 200 нови места кои ќе бидат на располагање во претстојните денови, пренесува „Танјуг“.












