Париски „Ле Монд“: Трамп ја понижи Европа

48
epaselect epa12544327 US presidential envoy Steve Witkoff (2-L), and US Secretary of state Marco Rubio (R) at the beginning of talks with the Ukrainian delegation at the US Mission in Geneva, Switzerland, 23 November 2025. US and Ukraine officials are expected to meet in Geneva on 23 November to discuss the US president's peace plan aimed at ending the war with Russia. EPA/MARTIAL TREZZINI

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп намерно ги исклучува европските сојузници од клучните разговори за Украина, што предизвикува длабоко незадоволство и чувство на политичко понижување во ЕУ, пишува париски „Ле Монд“.

Според весникот, „сојузниците на Киев, чија судбина е директно поврзана со Украина поради руската закана, систематски се изоставени од преговорите што ги водат САД“.

Во текстот се додава дека европските земји се „игнорирани и понижени“ токму во време кога исходот од украинската криза има најголемо влијание врз нивната безбедност.

Една од највпечатливите епизоди, според „Ле Монд“, беше ненадејното откажување на состанокот меѓу американската делегација и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Брисел. Откажувањето дојде кратко по посетата на Москва од страна на американскиот специјален претставник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, што во европските дипломатски кругови беше протолкувано како јасен сигнал дека Вашингтон ја игра својата игра, без да ги почитува ставовите на ЕУ.

Незадоволството не е ограничено само на дипломатските коридори.

Поранешниот француски амбасадор во Вашингтон, Жерар Аројо, остро го критикуваше однесувањето на администрацијата на Трамп: „Трамп се однесува кон Европејците на ист начин како што се однесува кон Гватемалците – без никакво почитување“.

Слични проценки претходно даде и „Блумберг“, наведувајќи дека европските претставници со растечка загриженост ги следат активностите на САД за развој на мировен план за Украина. Според агенцијата, таквата еднострана акција ја поткопува довербата во администрацијата на Доналд Трамп и го поставува прашањето дали Европа би можела да обезбеди сопствена одбрана во случај на распад на трансатлантскиот сојуз.

Во Брисел, наводно, расте стравот дека европската безбедност ќе биде ставена во втор план, додека САД преземаат целосна контрола врз мировниот процес – со минимално или никакво влијание од оние кои се географски и политички најизложени на последиците од украинскиот конфликт.

ИЗДВОЕНИ