Паричен надоместок за секое новородено дете и за секое запишано прваче во учебната 2026/2027 година

37

Општина Демир Хисар во 2026 година ќе доделува паричен надоместок за секое новородено дете, како и еднократна парична помош на семејствата што имаат запишано прваче во училиштата на подрачјето на таа општина.

Со средства од општинскиот буџет, во 2026 година ќе биде доделуван паричен надоместок во висина од 10 илјади денари за провородено дете во семејството, 12 илјади денари за второродено дете во семејството и 15 илјади денари за третородено и за секое наредно родено дете во семејството.

Од локалната самоуправа соопштија дека право на паричен надоместок ќе имаат само семејствата што се жители на Општина Демир Хисар.

Членовите на општинскиот Совет донесоа и одлука за доделување еднократна парична помош во висина од 7.000 денари на семејствата што ќе имаат запишано прваче во учебната 2026/2027 година, во општинските основни училишта. 

ИЗДВОЕНИ