
Богатиот клуб од Саудиска Арабија, Ал Хилал, доби сериозна конкуренција во англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед кога е во прашање потписот на нигерискиот интернационалец Виктор Осимен. Искусниот напаѓач се врати во редовите на калчолигашот Наполи откако му заврши позајмицата во редовите на турскиот суперлигаш Галатасарај. Освен парична понуда, Јунајтед е подготвен во обратната насока да го испрати и Џошуа Зиркзе.