
Најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, со големо внимание ја следи ситуацијата околу данскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд. Освен парична понуда „старата дама“ е подготвена во обратната насока да го испрати и српскиот интернационалец Душан Влаховиќ кој сигурно ќе си замине од Торино за време на летниот преоден рок.