Најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, не се откажува од намерата да ги осигура услугите на стандардниот првотимец во дресот на англискиот премиерлигаш Њукасл, Сандро Тонали. Освен парична понуда, која нема да биде помала од 20 мил. евра, „старата дама“ е подготвена во обратната насока да го испрати и бразилскиот интернационалец, Даглас Луиз.