„Парасоцијален“ е збор на годината во речникот на Универзитетот Кембриџ, дефиниран како врска што ја чувствува некој меѓу себе и позната личност што не ја познава, објави „Би-би-си“.
Негови примери го вклучуваат парасоцијалниот интерес што го покажаа обожавателите кога пејачката Тејлор Свифт и американскиот фудбалер Тревис Келс ја објавија својата свршувачка.
Терминот датира од 1956 година, кога американските социолози набљудувале телевизиски гледачи кои се впуштаат во „парасоцијални“ врски со личности на екранот.
Главниот уредник Колин Мекинтош рече дека зборот неодамна бил употребен за да се опише „вид врска, помеѓу личност и нелице, на пример позната личност“.
„Првично беше измислен како академски збор и беше ограничен на академската сфера доста долго време“, додаде тој.
„Дури неодамна се префрли во популарен јазик и е еден од оние зборови што беа под влијание на социјалните медиуми“.
Други примери дадени од речникот вклучуваат албумот на Лили Ален за разделбата „West End Girl“, кој се потпира на парасоцијален интерес во нејзиниот љубовен живот, и појавата на парасоцијални врски со ботови со вештачка интелигенција, каде што луѓето ги третираат како доверливи лица, пријатели или романтични партнери.
Се вели дека исповедната природа на водителите на подкасти ги заменува вистинските пријатели и ги катализира парасоцијалните врски.
Речникот забележа пораст на бројот на луѓе што го бараат зборот откако ѕвездата на „Јутуб ѕведата, Ајшоуспид, блокираше опсесивен обожавател како негово број 1 „парасоцијално“ лице.












