Парадокс на пазарот на трудот! Работодавач нуди плата од 5.000 евра месечно, работници нема

73

Австрискиот пазар на трудот се соочува со парадокс. Иако платите во некои сектори се високи, на работодавците им е сè потешко да најдат квалификувани работници.

Дури и износите што ги надминуваат просекот на колективните договори не гарантираат наоѓање на вистинските кандидати.

На многу компании им е сè потешко да го пронајдат вистинскиот персонал. Мануел Лов-Бир (35), основач и директор на компанијата за сајбер безбедност Spixnet, го опиша своето искуство со недостигот на работници.

„Бараме двајца до тројца добри програмери, по можност за работа од дома. Во однос на образованието, секако е добро ако кандидатите имаат завршено студии по компјутерски науки, но тоа не е апсолутно неопходно“, изјави тој за Houte.

Досега немало недостиг на кандидати, а според Лов-Бир, платата е исто така добра.

„Нудиме повеќе од 5.000 евра месечно“, вели генералниот директор кој раководи со канцеларии во Виена и Градишќе (Матерсбург и Ајзенштат). Сепак, дури и таа плата не е доволна за некои.

„Еден студент кој штотуку завршил факултет рече: „Не би ни почнал со помалку од 70.000 евра годишно. Всушност, сакам 105.000 евра“. Компанијата прво мора да може да си го дозволи тоа. Стартапот не е голема корпорација“, додава тој.

Според него, најчестиот проблем лежи во квалитетот на кандидатите:

„90 проценти од нив користат само ChatGPT. Ни требаат софтверски програмери кои всушност можат да програмираат. Програмерите порано работеа на теми, пребаруваа софтверски библиотеки, толкуваа, адаптираа и унапредуваа кодови. Денес, скоро сите користат само ChatGPT и слично, што доведува до целосно неисправен код. Затоа кандидатите треба да бидат вешти во вообичаените програмски јазици како Java и Python, да знаат како да работат со векторски бази на податоци и правилно да постават сервер, но скоро никој повеќе не го знае тоа“, објаснува шефот на компанјата.

Работата во Spixnet е разновидна и интересна, вели Лов-Бир. Компанијата нуди, на пример, специјализирано решение за безбедност на електронската пошта.

„Неодамна добивме финансирање за истражувачки проект во областа на енкрипција за заштита од квантна декрипција, во износ од еден милион евра. Бидејќи без разлика дали станува збор за онлајн банкарство и купување, социјални мрежи или пренос на податоци од медицински или одбранбени фирми“, рече тој, а пренесе Heute.

ИЗДВОЕНИ