Ватикан, сепак, има трошоци за папите на кои не им дава плата. Тие добиваат сместување, храна, здравствена заштита, платени патувања насекаде во светот… Папата може да ги користи ресурсите на Светата столица за да ги покрие сите официјални и лични трошоци. Ватикан процени дека за погребот на папата Јован Павле Втори, а потоа и за конклавата за избор на папата Бенедикт Шеснаесетти, како и за неговата инаугурација во 2005 година, биле потрошени околу 8,9 милиони долари, што денеска би било еднакво на 14,573 милиони долари
Колкава плата ќе прима папата Лав Четиринаесетти и дали воопшто ќе биде платен за функцијата што ја врши, сè уште не се знае. Теоретски, еден папа има право на плата од 2.500 до 3.000 евра, но повеќето понтифи, вклучувајќи го и Франциск, се откажаа од неа. Се очекува и новиот папа да постапи така, со оглед на блискоста на неговите ставови со оние на претходникот.
Но, тоа не значи дека Ватикан нема трошоци за папите на кои не им дава плата. Тие добиваат сместување, храна, здравствена заштита, платени патувања насекаде во светот… Папата може да ги користи ресурсите на Светата столица за да ги покрие сите официјални и лични трошоци. Папството добива средства од верниците и од католичките институции, вклучувајќи и донации од католиците насекаде во светот, за добротворната и апостолска мисија.
Но, трошоците на Ватикан одат до вртоглави суми кога ќе почине еден папа, а треба да се избере друг. Самата конклава за избор на нов папа е прилично скапа. Последната конклава беше најголема во историјата на Католичката црква. Учествуваа 133 кардинали, а кога се финансиите во прашање, среќна околност е што тие го направија изборот за кратко време – само два дена. Слично беше и со претходните две конклави. Конклавата е скапа, затоа што за сите кардинали треба да се обезбедат сместување, храна, превоз, да се плати обезбедувањето, да се адаптира Систинската капела, каде што се одржува гласањето…
Иако Ватикан обично не дава јавен отчет за трошоците, историските податоци откриваат колку чини кога треба да се избере нов папа. Ватикан процени дека за погребот на папата Јован Павле Втори, а потоа и за конклавата за избор на папата Бенедикт Шеснаесетти, како и за неговата инаугурација во 2005 година, биле потрошени околу осум милиони евра, што денеска би било еднакво на близу 13 милиони долари. Во оваа цифра влегуваат дополнителните исплати на вработените во Ватикан, зајакнатите безбедносни мерки, прекувремената работа и адаптацијата на Систинската капела. Нема јавно достапни податоци за следната конклава во 2013 година, кога беше избран папата Франциск, но познато е дека тогаш Ватикан реши да ги скрати трошоците и не ги исплати традиционалните бонуси на вработените.
Освен на конклавата, многу пари одат и за погребот на починатиот папа, кој, по правило, е раскошен, како и за инаугурацијата на нивоизбраниот. Претходно, Ватикан издвојуваше милиони за испраќање на понтифот. Погребот на папата Франциск беше скромен, по негово барање. Лежеше во обичен дрвен ковчег, а за гробот, кој, исто така, е едноставен, без раскошни украси, си обезбеди донатор. И за инаугурацијата на папата Лав Шеснаесетти се направи извесна заштеда, зашто не беше порачана нова одежда за неговото прво појавување пред верниците, туку беше искористена облека шиена за претходните конклави, зашто секогаш остануваат неискористени по две облеки, бидејќи се прават три во различни големини, а се облекува само една.
Финансиската состојба на Ватикан последниве години е лоша, со дефицит што надминува 90 милиони долари. Лани, папата Франциск предупреди дека пензискиот фонд на Ватикан, кој обезбедува пензии за вработените во Светата столица и во државата Ватикан, се соочува со „сериозна нерамнотежа, која, со отсуство на интервенција, има тенденција да расте со текот на времето“. Пандемијата, која драстично ги намали приходите од туризмот, доведе до финансиска криза во Ватикан, па папата Франциск му посвети големо внимание на штедењето. Меѓу другото, во 2021 година ги намали платите на кардиналите и на другите високи функционери на Ватикан.