Папата Лав XIV предложи преговори меѓу Украина и Русија да се одржат во Ватикан

32
EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Папата Лав XIV предложи одржување мировни преговори меѓу Украина и Русија во Ватикан, откако на средбата во Истанбул не се собраа главните актери во конфликтот, објави Политико.

Откако рускиот претседател Владимир Путин не се појави на мировните преговори во Турција што тој ги предложи, Ватикан го нарече исходот „трагичен“ и рече дека папата Лав XIV сака да посредува меѓу двете страни во обид да се стави крај на војната.

„Сето тоа е трагично затоа што се надевавме дека ќе биде бавен процес, но со мирно решавање на конфликтот, а наместо тоа се вративме на почетокот“, изјави за новинарите денеска во Рим кардиналот Пјетро Паролин, висок дипломат на Светата столица.

ИЗДВОЕНИ