Папата Лав XIV: Либан треба да служи како пример за надминување на конфликтите на Блискиот Исток

4
EPA/STRINGER

Папата Лав XIV денес изјави дека светот гледа на Блискиот Исток со страв и нагласи дека Либан е пример што треба да служи како пример за надминување на конфликтите на Блискиот Исток.

Тој на меѓуверски состанок во Бејрут рече дека понекогаш човештвото гледа на Блискиот Исток со чувство на страв и обесхрабрување, соочено со толку сложени и долготрајни конфликти, пренесува Анса.

„Сепак, во средината на овие борби, можеме да најдеме надеж и охрабрување кога ќе се фокусираме на она што нè обединува – нашата заедничка човечност и нашата вера во Бог на љубовта и милосрдието“, рече поглаварот на Римокатоличката црква.

Тој додаде дека затоа во овие времиња, во кои коегзистенцијата може да изгледа како далечен сон, народот на Либан, и покрај прифаќањето на различни религии, е моќен пример. – „Стравот, недовербата и предрасудите немаат последен збор тука“, рече папата.

 

ИЗДВОЕНИ