Папата Лав XIV ја прифати оставката на епископ обвинет за сексуална злоупотреба

16
epaselect epa12084275 (FILE) - Cardinal Robert Prevost attends the Fifth Novemdiale Mass in memory of late Pope Francis in Saint Peter's Basilica, Vatican City, 30 April 2025 (re-issued 08 May 2025). Cardinal Robert Prevost was elected Pope Leo XIV on 08 May 2025. EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Папата Лав XIV ја прифати оставката на епископот на Кадиз и Сеута, Рафаел Зорноза, поднесена пред 15 месеци кога достигна возраст за пензионирање, а одлуката е донесена по обвинувањата дека сексуално злоставувал малолетници додека бил на семинарија во Мадрид, се вели во соопштението на Ватикан.

Во соопштението не се наведува причината за одлуката, објави „ЕФЕ“.

Според соопштението издадено од Шпанската епископска конференција (CEE), актуелниот помошен епископ на Севиља, монсињор Рамон Дарио Валдивија, е назначен за апостолски администратор.

Ватикан отвори истрага на почетокот на ноември против епископот од Кадиз и Сеута, Рафаел Зорноза, поради обвинувања дека тој постојано сексуално злоставувал тинејџер во 1990-тите додека бил свештеник во Мадрид, што е првиот познат случај на канонска истрага против епископ во Шпанија поради обвинувања за педофилија.

Жртвата испрати жалба по пошта ова лето до Дикастеријата за доктрина на верата, одделот одговорен за католичката доктрина, во која детално ја опишува злоупотребата и бара преземање мерки.

Во писмото, тинејџерот го обвини Зорноза дека го злоставувал од 14 до 21 година во 1990-тите.

Епархијата од Кадиз и Сеута потоа објави дека обвинетиот епископ ги прекинал своите црковни активности и дека обвинувањата против него ги истражува црковен трибунал свикан во амбасадата на Ватикан во Шпанија, која се наоѓа во Мадрид, и дека локалните црковни власти ќе соработуваат со истрагата, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ