сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ Папата Лав XIV: Христијанските водачи кои започнуваат војни треба да одат на...

Папата Лав XIV: Христијанските водачи кои започнуваат војни треба да одат на исповед и сериозно да си ја испитаат совеста

123
Фото:википедија

Папата Лав XIV денес изјави дека христијанските политички водачи кои започнуваат војни треба да одат на исповед и да проценат дали ги следат учењата на Исус, без да именува конкретни водачи или конфликти. „Дали оние христијани кои носат голема одговорност во вооружените конфликти имаат понизност и храброст сериозно да ја испитаат својата совест и да одат на исповед?“, праша Папата во говорот пред свештениците, пренесе „Хина“.

Иако папата не именуваше никого, во последните денови ги интензивираше повиците за прекин на тековната војна во Иран, која започна со заеднички воздушни напади на САД и Израел на 28 февруари. Американскиот претседател Доналд Трамп е воспитан во презвитеријанската христијанска вера. Неколку од неговите високи функционери, вклучувајќи го потпретседателот Џ. Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио, се католици.

Кардиналот Роберт МекЕлрој од Вашингтон претходно оваа недела изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран „не се морално легитимни“ бидејќи не ги исполнуваат критериумите на црквата за праведна војна.

Папата Лав XIV зборуваше на денешната конференција во Ватикан за практиката на исповедањето, на која католиците ги признаваат своите гревови пред свештеник и бараат прошка од Бога. Папата рече дека обредот им помага на индивидуалните католици и промовира мир и единство во општеството.

ИЗДВОЕНИ