Папата Лав XIV ги повика сите христијански цркви да се соберат во Ерусалим во 2033 година

49
EPA/STRINGER

Папата Лав XIV упати покана во Турција, каде што престојуваше четири дена, до сите христијански цркви да се соберат во Ерусалим во 2033 година за да прослават 2.000 години од смртта и воскресението на Исус Христос.

На состанокот со претставници на христијанските цркви, одржан о саботата зад затворени врати, тој рече дека на собирот на највисоките христијански водачи во Светиот Град ќе му претходи „духовно патување“ кое би можело да го забрза „целосното единство“ на христијаните во следните осум години, објавува „Фигаро“.

Папата Лав XIV ја потврди оваа информација пред новинарите во авионот со кој леташе од Истанбул до Бејрут.

Тој го изговори своето папско мото – „In illo Unum“ – „Во Оној Кој е Еден – да бидеме едно“ и, како што наведува весникот, се чинеше како да сакаше да покаже дека е свесен за сите тешкотии што треба да се надминат, но и својата решеност да истрае во еден вид предизвик и сон.

Единството меѓу христијаните е изгубено од 1054 година со Православната црква, а од 1517 година и со Протестантската црква.

Вториот ватикански собор (1962–1965) ја обврза Католичката црква да го открие повторно патот кон единството, а сите претходници на папата Лав XIV работеа посветено за оваа цел, но теолошките пречки остануваат многу сложени, наведува францускиот дневен весник.

ИЗДВОЕНИ