Мора да разговараме и да го положиме оружјето, изјави денес папата Лав XIV, нагласувајќи дека „светот повеќе не може да толерира конфликт“ и повикувајќи на крај на „варварството на војната“, објави Анса.
Тој зборуваше за својата длабока тага поради израелскиот напад врз единствената
католичка црква во Газа. Три лица беа убиени, а неколку повредени, вклучувајќи и еден парохиски свештеник, во нападот врз црковниот комплекс „Свето Семејство“ во градот Газа во четврток.