Папата доби профил на Инстаграм и ја сподели првата објава/

34
EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Папата Лав XIV ќе го задржи присуство на социјалните мрежи, што го започнаа неговите претходници, а за новиот поглавар на Римокатоличката црква е создаден профил на Инстаграм, пренесува Vatican News.

Папата Лав ќе ја преземе сметката на мрежата Х, @Pontifex, која пред него ја користеа папата Бенедикт Шеснаесетти и папата Франциск.

Објавите на овој профил се достапни на девет јазици, вклучувајќи англиски, шпански, португалски, италијански, француски, германски, полски, арапски и латински за околу 52 милиони следбеници.

На Инстаграм, профилот се вика @Pontifex Papa Leo XIV и тоа е единствениот официјален профил на папата, во континуитет со сметката на папата Франциск @Franciscus, чија содржина ќе остане достапна како комеморативна архива ”Ad Memoriam.

Првата објава на Инстаграм

– Мир на сите вас! Ова е првиот поздрав изговорен од Воскреснатиот Христос, Добриот Пастир. „Би сакал овој поздрав на мирот да одекне во вашите срца, во вашите семејства и меѓу сите луѓе, каде и да се, во секоја нација и ширум светот“, напиша новиот папа во својата прва објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pope Leo XIV (@pontifex)

ИЗДВОЕНИ