Папата апелира да се дозволи хуманитарна помош во Газа

17
EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Папата Лав XIV апелираше да се дозволи пристојна количина хуманитарна помош во Газа и да се стави крај на непријателствата.

Папата рече дека ужасната цена на непријателствата ја плаќаат децата, старите лица и болните.

„Ситуацијата во Појасот Газа е сè позагрижувачка и потешка“, рече папата за време на неговата редовна општа аудиенција во недела на плоштадот „Свети Петар“, прва по неговиот избор, објави АФП.

Неговиот апел дојде откако невладината организација „Лекари без граници“ го обвини Израел дека дозволил „смешно недоволна“ количина помош во Газа во споредба со потребите на територијата, само за да избегне да биде обвинет дека го изгладнува населението, објави „Радио Слободна Европа“.

На 11 мај, Папата веќе изјави дека е длабоко тажен од она што се случува во Газа и повика на итен прекин на непријателствата, доставување хуманитарна помош до опколеното цивилно население и ослободување на сите заложници, објави „АФП“.

ИЗДВОЕНИ