петок, февруари 27, 2026
Дома СВЕТ Папамобилот на Франциск стана мобилна клиника за децата во Газа

Папамобилот на Франциск стана мобилна клиника за децата во Газа

54

Возилото што го користеше папата Франциск при посетата на Витлеем во 2014 година е претворено во мобилна клиника за која христијанските водачи се надеваат дека ќе им обезбеди грижа на палестинските деца во Газа.

Според „Ројтерс“, пред да почине во април, папата го доверил возилото на католичката организација „Каритас“, која го надгледувала проектот за неговата трансформација.

Секретарот на „Каритас“, Алистер Датон, на конференцијата во Витлеем изјави дека се чувствува задоволен што организацијата дава сериозен придонес за благосостојбата на децата во Газа.

ИЗДВОЕНИ