Папамобилот на Франциск ќе стане мобилна болница за децата во Газа

41

Еден од папамобилите што ги користеше папата Франциск ќе биде претворен во мобилна здравствена клиника за помош на децата во Појасот Газа.

Како што соопшти Ватикан, тоа била последната желба на папата за децата од Газа, пред да почине минатиот месец.

„Каритас“ – Ерусалим информира дека папамобилот што го користеше Франциск при посетата на Витлеем во 2014 година, сега се адаптира и ќе влезе во Газа кога ќе го отвори Израел хуманитарниот коридор.

 

ИЗДВОЕНИ