Римската полиција денеска интервенираше и испрати тим специјалисти за деактивирање бомби, откако минувачите забележаа сомнителен куфер на улицата во близина на официјалната резиденција на италијанскиот претседател во палатата Квиринале.
Полицијата била алармирана откако случајни минувачи забележале оставен куфер на улица во непосредна близина на палатата, пишува сајтот Romatoday.
Полицајците ги извршиле потребните проверки, но се испоставило дека станува збор за лажна тревога бидејќи се работи за празен куфер кој некој го фрлил, па ситуацијата во тој дел на италијанската престолнина набрзо била нормализирана.