Паника во Истанбул: Автобус удри во станица полна со патници/ВИДЕО

314
screenshot X

Неколку лица беа повредени во Истанбул кога градски автобус удри во станица полна со патници.

Пред да удри во станицата, автобусот удрил во паркирано такси и камион, а потоа возилото директно се удрило во станицата каде што многу луѓе чекале превоз.

Бројни екипи на противпожарна и брза помош се на местото на настанот, кои им помагаат на повредените и ги транспортираат до најблиските болници.

Автобусот бил полн со патници во моментот на несреќата.

– Автобусот бил тешко оштетен, бил полн со патници кога се удрил во станицата. Ова е сериозна несреќа, има многу повредени, точниот број сè уште е непознат – соопштија властите.

Во моментов не е познато како се случила несреќата.

ИЗДВОЕНИ