Хрватска е на нозе по исчезнувањето на три деца. Патрик Јантолек (16) и Адријано (14) и неговата сестра Кјара Оречиќ (13) исчезнаа во Сисак, објавија локалните медиуми.
– Мајката на Кјара ми се јави и ми рече дека не може да ги контактира неа или нејзиниот брат и ме замоли да го повикам Патрик бидејќи можеби се со него. Патрик и Кјара се дечко и девојка. Патрик беше многу формален во пораките, одговарајќи само со „да“ и „не“. Тоа беше во среда наутро. Оттогаш, нема никаква трага од нив“, изјави мајката на Патрик, Ана Мари Матејаш, за „Дневник.хр“.
Мајката на Кјара и Адријано мисли дека исчезнале заедно.
– Не знаеме каде се. Ги проверивме сите места каде што би можеле да бидат, сега ја чекаме полиција – изјави таа.
Двете мајки велат дека ова е прв пат да се случи нешто вакво.
„Ние сме од Загреб и полицијата отиде на местото на настанот за да види дали можеби отишол да се сретне со стари пријатели, но не го пронајдоа“, објасни мајката на Патрик.
Патрик има кафеава коса и кафени очи. Кјара, која е слаба и висока 160 см, исто така има иста боја на очи и коса. Нејзиниот брат Адријано има руса коса и сини очи, е слаб и висок 180 см.
Полицијата во Хрватска апелира доколку некој има информации за исчезнатите, да ја извести најблиската полициска станица или да се јави на 192. Информации можат да се испратат и на е-поштата: [email protected].












