Паника во автомобилската индустрија. „Ова е како за време на пандемијата, кога масовно се купуваше тоалетна хартија“

58
EPA/MARK R. CRISTINO

Геополитичкиот судир околу кинескиот холандски добавувач на чипови Nexperia предизвикува паника кај европските производители на автомобили. Се зголемуваат стравувањата од нов недостиг на чипови што би можел да предизвика хаос во синџирите на снабдување и да ги запре производствените линии, потсетувајќи на кризата од 2022 година, пишува POLITICO.

Снабдувањето со клучни чипови од Nexperia почна да се намалува само неколку недели откако холандската влада ја презеде контролата врз компанијата, а САД и Кина воведоа контрола на извозот врз неа. Поради ова, се случи вистински хаос за достапните залихи.

„Наскоро ќе видиме прекини на производството и забавување на глобално ниво, бидејќи многу добавувачи немаат доволно залихи на чипови“, рече висок функционер на автомобилската индустрија кој зборуваше под услов да остане анонимен.

Чиповите Nexperia се клучни за бројни компоненти во возилата, од воздушни перничиња до инфозабавни системи. Холандскиот производител ги предупреди своите клиенти за „непредвидени случувања што можат да влијаат на достапноста на одредени производи“, според соопштението издадено на 9 октомври. „Ова е како пандемија, кога луѓето масовно купуваа тоалетна хартија“, ја опиша ситуацијата друг извор од индустријата.

Кризата започна кон крајот на септември кога холандската влада, повикувајќи се на закон од 1952 година, одлучи да ја преземе контролата врз Nexperia, која во 2019 година беше купена од кинеската компанија Wingtech. Владата стравуваше дека извршниот директор на Nexperia ги преместува технолошките и производствените средства надвор од земјата.

Иако чиповите на Nexperia не се технолошки најнапредни, тие се од клучно значење за производителите на автомобили: класичен автомобил содржи до 500 нивни чипови, а електрично возило дури 1000. Затоа кризата со Nexperia е на врвот на листата на приоритети во Брисел.

Компаниите веќе почнаа јавно да ги изразуваат своите загрижености. Лобито за автомобили ACEA минатата недела објави дека е „длабоко загрижено за потенцијално значителното нарушување“ на производството доколку не се најде брзо решение. Здружението тврди дека чиповите на Nexperia можат да се набават на друго место, но префрлањето на други добавувачи би траело подолго од постојните залихи.

Случајот Nexperia повторно го стави во фокус опасната зависност на Европската Унија од увозот на микрочипови. По кризата во 2022 година, ЕУ го донесе Законот за чипови за зајакнување на домашното производство, но целите се уште се далеку од постигнување. Блокот сè уште не е ни блиску до својата цел да достигне 20 проценти удел во глобалниот синџир на вредности на микрочипови до 2030 година.

Европската комисија објави оваа недела дека планира да воведе втор закон за чипови во првиот квартал од следната година. И законодавците и земјите-членки на ЕУ се согласуваат дека ова е неопходно.

„Европскиот закон за чипови 2.0 е во фаза на изработка. Но, случајот „Некспериа“ покажува дека времето е кратко“, напиша во среда Херман Кварлес ван Уфорд, виш политички соработник во Европскиот совет за надворешни односи.

ИЗДВОЕНИ