На ден 16.10.2025 година, неговите ближни, роднини, пријатели, колеги, ќе можат молитвено да се збогуваат со Владимир Блажев – Панчо. И да му дадат последен поздрав.
Телото ќе биде изложено во црквата ‘Св. Илија’ во Аеродром.
Молитвениот чин ќе започне во 9 часот, со Заупокоена Литургија. Сочувство ќе може да се изрази во периодот од 10 до 12 часот, а Опелото ќе започне во 12 часот.
Погребот, пак, ќе биде на гробиштата “Бутел“, во 13.30 часот, напиша неговата ожалостена сопруга Маја, на социјалните мрежи.
Македонската јавност во четврток, ќе се прости од музичарот Владимир Блажев – Панчо, кој почина на 46-годишна возраст. После долга и тешка борба со последиците од трагично страотна несреќа во Кочани.