вторник, февруари 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Панчевски објави потврда од Основниот кривичен суд која покажува дека го исполнува...

Панчевски објави потврда од Основниот кривичен суд која покажува дека го исполнува условот за државен јавен обвинител

68

Експретседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, ја оспори одлуката Советот на јавни обвинители кој ја одби неговата кандидатура за државен јавен обвинител затоа што не го исполнувал условот – 10 години непрекинат работен стаж како судија или обвинител во областа на кривичното право.

Имено, Панчевски на Фејсбук објави материјален доказ, односно потврда која покажува дека тој го задоволува условот што од него се бара за избор на државен јавен обвинител.

„Чисто заради сите вас што ме поддржавте во оваа трка за правда! Историјата бележи! Ви благодарам на сите вас, добронамерни луѓе и пријатели желни Македонија да стане правна држава!“, стои во објавата на Панчевски.

Потврдата што Панчевски ја објави покажува дека го задоволува условот што од него се бара за избор на државен јавен обвинител.

Во нејзе стои:

„ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ, потврдува дека лицето

Владимир Панчевски бил во редовен работен однос на неопределено време во овој суд, на работно место – Судија од 08.02.2008 година до 28.07.2020 година и има вкупен непрекинат судиски стаж во овој суд од

12 години, 5 месеци и 20 дена.

Во текот на судискиот стаж лицето Владимир Панчевски како судија постапувал во Одделението за организиран криминал и корупција,

Одделот за претходна постапка и Одделот за прекршоци, а истиот беше и Претседател на Основниот Кривичен суд Скопе.

Потврдата се издава на негово барање.“

На потврдата е потпишан Дејан Нешовски како судски администратор на скопскиот Основен кривичен суд.

ИЗДВОЕНИ