
Хамас вечерва објави дека е подготвен „веднаш да започне“ преговори за спроведување на предлогот за договор за прекин на огнот со Израел што го доби од медијаторот пренесе „Бета“.
Палестинското движење ги заврши своите внатрешни консултации и со (другите палестински сили) во врска со „најновиот предлог на медијаторот за прекин на агресијата врз нашиот народ во Газа“, се вели во соопштението.
Хамас го достави својот одговор до медијаторите и тој е позитивен, па затоа движењето е подготвено веднаш „сериозно да започне рунда преговори за механизмот за спроведување на тој предлог“, додаде палестинското движење.
Војната во Појасот Газа започна на 7 октомври 2023 година.