Индискиот премиер Нарендра Моди денеска изјави дека Пакистан нема да добива вода од реките над кои Индија има права.
Суспендирањето на Договорот за користење на водите на реката Инд и нејзините притоки беше еден од низата чекори преземени од Индија по нападот на 22 април, во кој загинаа 26 лица, главно хинду туристи.
Индија го обвини Пакистан дека го поддржува нападот, што Исламабад го негира, а тензиите ескалираа во најлошата воена конфронтација меѓу двете нуклеарни сили во последните триесет години, пред да постигнат примирје на 10 мај.
Пакистан ќе мора да плати висока цена за секој терористички напад… Армијата на Пакистан ќе плати за тоа, економијата на Пакистан ќе плати за тоа“, рече Моди во говорот во сојузната држава Раџастан, која се граничи со Пакистан, пренесе Танјуг.