Пакистан и Авганистан се согласија на привремен прекин на огнот од 48 часа, почнувајќи од денес во 18 часот по локално време во Пакистан, соопшти Исламабад, откако избувна нов конфликт меѓу соседите.
Двете земји, Пакистан и Авганистан, ќе вложат искрени напори, преку дијалог, да најдат позитивно решение за сложеното, но решливо прашање, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи, според Ројтерс.
Портпаролот на авганистанската администрација изјави дека на барање на пакистанската страна, прекинот на огнот меѓу двете земји ќе стапи на сила по 17:30 часот.