Пакети со храна за социјално загрозени семејства во Гази Баба

63

Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска посетија социјално загрозени семејства во Гази Баба и им донираа пакети со храна.

-Тоа се семејства кои се соочуваат со тешко секојдневие, со предизвици што не се гледаат оддалеку, но силно се чувствуваат во секој дом. Луѓе кои и покрај сè, ја чуваат верата, надежта и достоинството. Дониравме пакети со храна, но уште поважно – донесовме порака дека не се заборавени, дека некој мисли на нив и дека државата мора да биде со своите граѓани тогаш кога им е најтешко – истакна Стефковски.

Тој додаде дека тоа е човечка обврска и вредност што мора постојано да ја негуваме.

-Хуманоста е темел на секое здраво општество, а грижата за социјално загрозените семејства е доказ дека сме народ кој не ги врти грбот на своите најранливи. Никогаш не смееме да ги заборавиме оние на кои сме им потребни, затоа што силата на една држава се мери по тоа како се грижи за најслабите“, нагласи градоначалникот и порача дека ќе продолжат да бидат меѓу народот, со народот и за народот- заклучи Стефковски.

 

ИЗДВОЕНИ