Пакети со храна и со хигиенски средства за социјално загрозените семејства во Ѓорче Петров

13

Во духот на празниците и на христијанските вредности што ги симболизира свети Василиј, Општина Ѓорче Петров реализираше хуманитарна активност насочена кон поддршка на социјално-загрозените семејства.

– Со поддршка на општествено-одговорни компании, беа обезбедени над 100 пакети со храна и со хигиенски средства, како и празнични пакетчиња за најмладите, кои беа распределени на семејства на кои им е најпотребна помошта – соопштија од Општина Ѓорче Петров.

Оттаму додаваат дека оваа активност е дел од континуираната заложба на Општината да гради заедница заснована на солидарноста, човечноста и на вистинската грижа за граѓаните, со акцент на децата и на најранливите категории.

– Општина Ѓорче Петров ќе продолжи со активностите што ја зајакнуваат заедницата и ја потврдуваат определбата дека празниците се време за споделување, грижа и за заедништво – заклучија од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ