Во периодот на новогодишните и на божиќните празници беа реализирани низа активности насочени за поддршка на вработените и на локалната заедница во Македонска Каменица, со цел да се донесе празнична радост и конкретна помош за најранливите категории граѓани.

Како дел од традиционалните донации, беа обезбедени 57 ќебиња за корисниците на Дневниот центар за лица со посебни потреби и за членовите на Здружението „Порака“. Во соработка со Општина Македонска Каменица, беа донирани и пакети со храна за 220 семејства од социјално ранливите категории, со што беше обезбедена значајна поддршка во празничниот период.

Особено внимание им беше посветено на најмладите, за кои беа обезбедени вкупно 591 новогодишно пакетче – 160 за децата од детската градинка „Бамби“ и 431 за учениците од основното училиште „Кирил и Методиј“. Пакетчињата содржеа производи од компанијата „Макпрогрес“ од Виница, како знак на солидарност и поддршка по пожарот што го зафати нејзиниот производствен погон.

Овие активности беа реализирани од страна на рудникот „Саса“, кој и оваа година ја продолжи традицијата на општествена одговорност и грижа за заедницата во која работи. Во духот на празничната благодарност, беа обезбедени подароци и свечена вечера за дежурните тимови од итната медицинска помош, противпожарната единица и полицијата, како и за вработените што работеа во текот на новогодишната ноќ. Дополнително, сите вработени добија празничен паричен надоместок и пригоден новогодишен подарок, како признание за посветеноста и за професионалниот ангажман.

ИЗДВОЕНИ