Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во периодот од 02.02 до 08.02.2026 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранило 101 непрописно паркирано возило кое го попречувало нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура. Затоа, ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар, за да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.












