Паѓаат каматите на кредитите за домаќинствата и за компаниите

154

Во јуни е остварен годишниот раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,32 п.п., при што таа изнесува 2,20 %. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,44 п.п. и изнесува 5,03 %, објави Народната банка.

Во јуни 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити е намалена на месечно и на годишно ниво за 0,03 п.п. и 0,44 п.п., соодветно и изнесува 5,03 %. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,20 % и забележа месечен пад од 0,01 п.п., при годишен раст од 0,32 п.п.

Во јуни, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити оствари месечен и годишен пад од 0,30 п.п. и 0,66 п.п., соодветно и изнесува 4,42 %. Просечната каматна стапка на новопримените депозити е зголемена за 0,03 п.п. на месечна основа, при годишен пад од 0,17 п.п. и изнесува 2,35 %.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор во јуни изнесуваше 4,62 % и е намалена за 0,04 п.п. на месечно ниво. Притоа, промената се должи на падот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,06 п.п.) и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула се зголемени (за 0,02 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка бележи пад од 0,64 п.п.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор овој месец забележа месечен пад од 0,39 п.п. и изнесува 4,28 %. Надолната промена е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,65 п.п. и 0,40 п.п., соодветно), во услови на раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,05 п.п.). Во споредба со јуни претходната година, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,67 п.п.

Во јуни 2025 година, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,44 % и е намалена за 0,01 п.п. на месечно ниво. Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата забележа пад од 0,22 п.п. на годишно ниво. Овој месец, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата оствари месечен пад од 0,10 п.п. и изнесува 4,69 %. Во споредба со јуни претходната година, оваа каматна стапка е намалена за 0,60 п.п.

Во јуни, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата беше непроменета на месечна основа и изнесуваше 2,15 %. Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 0,31 п.п.  Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата во јуни изнесуваше 2,33 % и оствари месечен пад од 0,01 п.п. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,22 п.п. на годишна основа, информираат од Народната банка.

 

ИЗДВОЕНИ