понеделник, февруари 9, 2026
Дома СВЕТ „Паѓаат глави“ поради Епстин: Суспензија на норвешка амбасадорка, оставки во Британија

„Паѓаат глави“ поради Епстин: Суспензија на норвешка амбасадорка, оставки во Британија

50

Истакнатата норвешка амбасадорка, Мона Јул, ќе поднесе оставка поради „сериозна грешка во процената“ кога станува збор за нејзиниот контакт со починатиот сексуален престапник, Џефри Епстин, објави денеска норвешкото Министерство за надворешни работи. Претходната недела, Министерството ја суспендираше Јул од нејзината функција амбасадор во Јордан и Ирак, во исчекување на внатрешната истрага за нејзините врски со Епстин.

Британските медиуми пренесуваат дека Јул (66), поранешна помошник-министерка во владата, претходно ја претставувала Норвешка како амбасадор во Израел, Велика Британија и Обединетите нации.

И во Британија „паѓаат глави“ поради Епстин. Според портпаролот на британскиот премиер, Кир Стармер, тој нема намера да си поднесе оставка, но, денеска од функцијата си замина неговиот директор за комуникации, Тим Алан. Ова се случи само еден ден откако шефот на кабинетот на Стармер, Морган Мексвини, си поднесе оставка, откако призна дека назначувањето на Манделсон за амбасадор во САД била голема грешка.

Манделсон, пак, на почетокот на септември беше отповикан поради врската со Епстин, иако објавените  документите покажаа дека тој споделувал информации со него уште во 2009 година, кога бил секретар за бизнис и трговија. Манделсон, минатата недела, се повлече од Лабуристичката партија и од Домот на лордовите.

ИЗДВОЕНИ