Цените на нафтата на светските берзи паѓаат поради загриженоста за ризиците од прекумерна понуда и побарувачка што произлегуваат од тензиите меѓу САД и Кина – двата најголеми потрошувачи на нафта во светот – продолжи да го оптоварува пазарот.
Фјучерсите за сурова нафта од типот брент се намалија за 17 центи и се тргуваат по 60,84 американски долари (57,30 евра) за барел. Договорот за сурова нафта од типот ВТИ во САД за испорака во ноември, се тргува по 57,22 долари (53,90 евра). Поактивниот договор за испорака во декември беше 19 центи поевтин, тргувајќи по 56,83 долари (53,50 евра) за барел.
Цените на нафтата достигнаа најниско ниво од почетокот на мај. Причината е загриженоста за забавување на економскиот раст поради неодамнешните ескалации во трговскиот спор меѓу САД и Кина. Цените на ВТИ и на брент за моментална испорака се пониски од цените за подоцнежна испорака, што обично укажува на изобилство на краткорочна понуда и слабеење на побарувачката.
Цените ослабеа бидејќи Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нејзините сојузници, вклучувајќи ја Русија – колективно познати како OPEC+ – продолжија со плановите за зголемување на понудата на пазарот. Затоа, аналитичарите предвидуваат суфицит на сурова нафта оваа и следната година, а Меѓународната агенција за енергија (IEA) минатата недела проектира глобален суфицит од речиси четири милиони барели дневно во 2026 година.