среда, февруари 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Паднаа првите притвори во Македонија за марихуаната фатена во Србија

Паднаа првите притвори во Македонија за марихуаната фатена во Србија

Двајца се во истражен затвор поради опасност од бегство, влијание на сведоци и довршување на делото

208

Двајца се во краткоетраен притвор под сомнение дека преземале активности поврзани со запленетите 5 тони марихуана во Република Србија, соопшти македонското Обвинителството за организиран криминал и корупција.

„По предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,  на две лица, кои претходно беа сослушани во својство на осомничени, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа“, информираат од надлежното обвинителство и објаснуваат дека барањето за определување на краткотрајниот притвор е со цел обезбедување на лицата и овозможување на доволно време на јавниот обвинител за преземање на неопходните процесни дејствија и донесување соодветна одлука за понатамошно постапување.

„Во вакви случаи,  особено кога се работи за предмети со поголема сложеност, како и предмети со меѓународен карактер, временските рокови често се ограничени, што ја оправдува примената на оваа мерка“, велат од обвинителството.

Од Кривичниот суд потврдуваат дека  А.И. и Д.С. се во 48- часовен притвор поради постоење опасност од бегатво, влијание врз сведоци и повторување, односно довршување на делото.

Прашан за истрагата со запленетата марихуана премиерот Христијан Мицкоски и порача јавноста да биде трпелива, бидејќи станува збор за огромна количина и не се наоѓаат секој ден 40 тони марихуана. „Многу брзо ќе споделиме со јавноста како е, што е,кој е, каде е, бидејќи се отвораат нови аспекти, се зголемуваат бројот на замешани лица“, изјави Мицкоски и вети транспарентност  на МВР за случајот со канабисот. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ