Градоначалникот на Тузла, Зијад Лугавиќ, утрово потврди дека 11 лица загинале во пожарот во Пензионерскиот дом. Голем број од повредените се пренесени во Универзитетскиот клинички центар Тузла, каде што добиваат итна медицинска помош.

Тројца полицајци и пет пожарникари се згрижени, сите се надвор од животна опасност. Меѓу повредените има медицински работници, како и вработени во Пензионерскиот дом Тузла, објавува Vijesti.ba.

Директорот на Домот за стари лица во Тузла, Мирсад Бакаловиќ, утрово поднесе оставка од својата позиција, потврдија од установата за нега на стари лица за Klix.ba.

Според последните информации, 30 лица се хоспитализирани во Центарот за јавно здравје на UKC Тузла, додека бројот на повредени лица кои досега се јавиле за медицинска помош е поголем.

Од хоспитализираните лица, 4 жители на Домот се на респиратор, а меѓу хоспитализираните се 5 пожарникари и 3 полицајци.

Местото каде што синоќа беа изгубени 11 животи е сè уште под силно полициско обезбедување, а пристапот до објектот е забранет.

На местото на настанот се наоѓаат амбулантни возила и полициски службеници.

Истрагата во Домот за пензионери во Тузла започна во раните утрински часови, со присуство на инспектори за противпожарна заштита, пишува Дневни аваз.

Дежурниот обвинител, во соработка со истражниот тим на Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, со присуство на експерти и професионалци, од утрово ја продолжува истрагата со цел да се утврдат околностите на пожарот, како и сите други околности што доведоа до оваа несреќа.

Расте бројот на жртви во пожарот во Домот за стари лица во Тузла, 35 се повредени: Со месеци се предупредувало на лошите услови/ФОТО

ИЗДВОЕНИ