Паднаа цените на нафтата

722

Цените на нафтата денес нагло паднаа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кина може да продолжи да купува нафта од Иран, што е знак дека Вашингтон ја опушта својата кампања за максимален притисок врз Техеран по примирјето со Израел.

Така светската референтна сурова нафта од типот Брент падна за 3,33 долари (за 4,66 проценти) на 68,15 долари за барел попладнево, објави CNBC.

Американската сурова нафта е поевтина за 3,18 долари (за 4,64 проценти) и моментално е на ниво од 65,33 долари за барел.

ИЗДВОЕНИ