Падна владата на Литванија

133

Литванската влада официјално поднесе оставка денес откако премиерот Гинтаутас Палукас одлучи да се повлече минатата недела поради низа обвинувања за корупција, објави „Еуроњуз“.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа го назначи министерот за финансии, Римантас Сајијус, за вршител на должноста премиер откако Палукас официјално поднесе оставка денес, со што целата влада беше соборена.

Сајијус ќе биде вршител на должноста премиер додека не се формира нов кабинет.

Палукас, лидерот на централно-левичарската Социјалдемократска партија, поднесе оставка откако истрагата за неговите деловни зделки предизвика протести во балтичката земја со кои се бараше негова оставка.

Негирајќи ги сите обвинувања, Палукас поднесе оставка и од функцијата лидер на партијата.

„Можеби звучи драматично, но јас се повлекувам – вие ќе продолжите со вашата работа како вршител на должноста премиер додека новиот премиер не одлучи какви промени ќе се направат“, рече Палукас за време на денешниот состанок на владата, пред да му ја предаде својата формална оставка на Науседа.

ИЗДВОЕНИ