Виртуелната министерка во албанската влада, кој премиерот Еди Рама минатата есен ја претстави како чудо и иновација на политичката сцена, се расипа.
Како што пренесуваат албанските медиуми, министерката наречена Диела во последните денови не можела да разговара со граѓаните, да прима барања, а корисниците не можеле да добиваат електронски фактури.
Диела управува со дигиталната платформа „е-Албанија“, преку која речиси сите владини услуги се достапни во електронски формат.
Падот на системот, или поточно „падот“ на министерката, се случи поради прекин на електричната енергија.
-Има прекин во услугите и автоматизираните процеси, пишува „Албаниан пост“.
Поправката на министерката е во тек, некои функции наводно се обновени, а целосното „враќање во живот“ на Диела се очекува во наредните денови.
Министерката Диела, создадена со употреба на вештачка интелигенција, беше претставена на 11 септември минатата година на седница на Албанската социјалистичка партија.
Нејзина официјална улога е да ги надгледува сите државни набавки во земјата.
Владата очекува дека имплементацијата на вештачката интелигенција ќе ги направи набавките „100 проценти некоруптивни“ и дека сите тендери и јавни средства ќе бидат целосно транспарентни.












