Пад на инфлацијата во Турција во август

17

Годишната стапка на инфлација во Турција се намалила од 33,5 проценти во јули на 32,9 проценти во август, објави Турскиот институт за статистика (Туркстат).

Ова e најниска стапка од ноември 2021 година и петнаесетти последователен месец на забавување на потрошувачката инфлација во Турција.

Цените во транспортниот сектор се зголемиле за 24,9 проценти на годишно ниво, во станбените и во комуналните услуги за 53,2 проценти, во образованието за 60,9 проценти, кај здравствените услуги за 36,6 проценти и кај услугите во рестораните и во хотелите за 34 проценти. Растот на цените во сите споменати случаи бил побавен отколку во јули.

Спротивно на тоа, цените на храната и на безалкохолните пијалаи во Турција се зголемиле за 33,3 проценти на годишно ниво, на алкохолните пијалаци и на тутунот за 29,7 проценти, а во комуникацискиот сектор за 20,6 проценти, што претставува побрз раст во споредба со јули.

Годишната стапка на базична инфлација во Турција, исто така, се намалила од 34,7 проценти во јули на 33 проценти во август.

На месечна основа, цените во Турција се зголемиле за два процента во споредба со јули.

 

 

ИЗДВОЕНИ