Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва објави дека цените на претежно прехранбените производи ќе бидат пониски за 15 до 20 проценти од есен.
Тој за телевизијата Пинк изјави дека во наредните денови ќе бидат презентирани мерките за ова, на кои работеле луѓе од неговиот кабинет и владата.
Тој рече дека цените на храната и безалкохолните пијалоци во Србија во 95 проценти се како оние во ЕУ и додаде дека ќе има ограничена маржа на профит „што ќе доведе до намалување на цените“.
„Ќе ја ограничиме маржата, но цените ќе мора да се намалат за 15-20 проценти. Житни култури, леб, масло, брашно… она што е најпотребно за секојдневниот живот“, рече тој.