Пад на бројот на вработени во индустрискиот сектор за 2,6 отсто

46

Во август 2025 година, бројот на вработени во индустрискиот сектор во Македонија бил намален за 2,6 % споредено со тој месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалувањето најмногу се должи на падот на вработеноста во преработувачката индустрија, рударството и вадењето камен и во снабдувањето со електрична енергија, гас и со пареа.

Сепак, зголемување на бројот на вработени е забележано кај трајните производи за широка потрошувачка и кај интермедијарните производи, освен енергијата. Кумулативно, од јануари до август годинава, индустрискиот сектор забележал пад на вработеноста од 3,8 % на годишно ниво, се вели во податоците на Статистика.

ИЗДВОЕНИ