Шпанскиот кошаркарски стратег, Пабло Ласо, е блиску до потпис со турскиот гигант Анадолу Ефес. Разговорите се движат кон позитивен епилог, а Шпанецот, според изворите, во моментов е главен кандидат да го преземе кормилото на поранешниот шампион.
Тој е еден од најуспешните тренери во модерната ера на Евролигата. Двапати ја освои Евролигата, во 2015 и 2018 година, додека го водеше Реал Мадрид во најплодниот период во неговата европска историја. Тој помина цели единаесет години на клупата на Реал Мадрид, од 2011 до 2022 година, во кои освои шест титули во Ендеса лигата и шест шпански купа. Така го потврди статусот на човек што знае како да изгради систем и да го одржува на највисоко ниво. Тој двапати беше прогласен за тренер на годината во Евролигата (во 2015 и во 2018 година).











