Овој викенд, во Гевгелија: „Вкуси го југот 2025“ со настапи на: Дани Димитровска, „Меморија“, „Љубојна“, Андријана Јаневска…  

74

Овој викенд, од 12 до 14 септември, сега веќе традиционално, а, инаку, по трет пат, во Гевгелија ќе се одржи фестивалот „Вкуси го југот“. По тој повод, градоначалникот на Гевгелија, Сарамандов, истакна дека идејата за овој фестивал, која е „родена“ во 2023 година, била и останува и понатаму да нуди една своевидна симбиоза на локалната гастрономска традиција, културата и забавата.

На првиот ден од фестивалот, гостите ќе присуствуваат на традиционалната подготовка на ајвар, вториот ден ќе се подготвува познатото гевгелиско слатко од зрели смокви, додека третиот ден е резервиран за варење гевгелиска мастика. Сарамандов потенцира дека само Гевгелија го има овој гастрономско-забавен фестивал, кој од година на година станува бренд. Така што и оваа година ќе има многу забава, преку песните на нашите познати пејачи и групи: популарната „Љубојна“, Дани Димитровска, групата „Панта реи“, Андријана Јаневска, Антонија Гиговска, Огнен Здравковски, со сесрдна поддршка на гевгелиската кантавторка Оливера Станковска.

Вистински шлаг на фестивалот ќе биде настапот на популарната македонски рок-група, „Меморија“. Затоа дојдете во Гевгелија, вкусете го југот! Влезот за сите овие настани, кои се организираат на просторот на Градскиот пазар, ќе биде бесплатен.   (Љ. Алексоски)

 

 

ИЗДВОЕНИ