„Овие тивки, темни води“ нов роман од Кристина Мекдоналд, авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today, е објавена на македонски во издание на „Матица македонска“. Како една од најреномираните писателки во САД и во Велика Британија, таа е позната по својот способност да создава напнати и емоционално наполнети наративи, заради што нејзините книги се барани за сценарија од студијата во Холивуд. Нејзиниот стил е богат со описи и комплексни ликови.

Станува збор за трилер со напната атмосфера, со комплексни сиже и фабула, кој истражува теми на тајните, загубата и мракот на минатото. По насилниот упад во нејзиниот дом, Нев Мегваер се враќа на Црното Езеро, надевајќи се на нов почеток со својата ќерка. Но, откритието на безживотно тело во езерото ја принудува да се соочи со своите најдлабоки стравови и тајни.

Со неочекуваните пресврти, „Овие тивки, темни води“ е идеален избор за сите оние кои сакаат да се потопат во свет на мистерии и тајни, и да откријат што се крие под површината, нагласуваат критичарите од САД и од Велика Британија, како и од земји ширум Европа во коишто ексклузивно се преведени дела од Мекдоналд.

ИЗДВОЕНИ