Минатата сезона, Александар Овечкин влезе во историјата станувајќи најдобар стрелец во НХЛ на сите времиња, кога го надмина рекордот на Вејн Грецки од 895 гола, а оваа продолжува да ги поместува границите. Легендарниот Русин стана првиот играч што постигна, 900 гола во НХЛ, а на последниот и меч против Монтреал канадиенс на гости, со нов хет-трик дојде до неверојатни 907 гола. Но, овој хет-трик, исто така, обележа два нови, условно кажано, рекорди и десетто место на вечната листа на играчи со најмногу поени во НХЛ.
Овечкин стана шестиот играч во НХЛ што постигнал хет-трик на 40-годишна возраст. Пред него, Горди Хау (три пати, последен пат на 2 ноември 1969 година), Џони Букик (двапати, последен пат на 3 март 1976 година), Јагомир Јагр (3 јануари 2015 година), Тим Селејн (28 март 2011 година) и Никлас Лидстром (15 декември 2010 година) успеаја да го направат тоа.
Русинот сега е десетти и по бројот на поени во кариерата. Со овој хет-трик, тој достигна 1.642, надминувајќи го Џо Сакиќ. Вејн Грецки е недостижен на оваа листа со 2.857 поени, Јагомир Јагр е втор со 1.921, а Сидни Крозби сега е најблиску до Овечкин со 1.708.











