Вчеравечер, на сцената на Народно позориште, Сараево, беше изведена претставата „12“ – силна и провокативна адаптација инспирирана од „12 Angry Men“ на Реџиналд Роуз, во режија на реномираниот Синиша Евтимов.
Публиката во Сараево имаше ретка привилегија да ужива во оваа интензивна и длабоко ангажирана претстава, изведена од врвна актерска екипа составена од најзначајните имиња на македонската театарска сцена: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев.
„12“ е претстава што остава силен впечаток – со длабока психолошка анализа, моќна социјална порака и актери во извонредна уметничка форма. Кулминацијата на вечерта беше долгиот и громогласен аплауз, проследен со стоечки овации – искрен израз на восхит и почит кон актерската екипа и квалитетот на македонската театарска уметност. Овој настап на Македонскиот народен театар во Сараево уште еднаш ја потврдува улогата на театарот како простор за дијалог, катарза и споделување универзални човечки вредности, надвор од границите.
ИЗДВОЕНИ
НЕПРОМЕНЕТИОТ ИЗБОРЕН ЗАКОНИК НАПРАВИ ПРОБЛЕМ: ЗНАМ и Левица без право да водат кампања преку медиумите
Ќе добие ли Македонија црвени линии кои нема да се газат?!
Како никогаш досега во Ресен се продаваат лекови за карцином, тироидна жлезда, стерилитет, алергии…
Во јануари 2026 година ќе се издаде десеттата еврообврзница, планирано е да се соберат 950 милиони евра