Оваа билка може да ви го промени животот: Се консумира, а се употребува и надворешно во форма на облоги – a еве ги нејзините придобивки

144
Foto: Pexels

Иако многумина ја игнорираат оваа суперхрана, научните истражувања потврдуваат дека таа е вистинска ризница од здравствени придобивки. Од зајакнување на срцето и имунитетот до подобрување на изгледот на вашата коса, оваа храна може да ви го промени животот. Дознајте што е тоа и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана денес.

Поточарката е често заборавено растение за кое експертите веруваат дека е најздраво во светот. Тоа е зеленчук кој содржи бројни есенцијални витамини и минерали како што е железото. Ако се потпреме на истражувањето, ова растение содржи повеќе железо од спанаќот и повеќе витамин Ц од некои цитрусни овошја.

Покрај овие хранливи материи, поточарката има бројни здравствени придобивки. Според неодамнешна студија, откриено е дека поточарката го спречува и намалува оксидативниот стрес, а исто така ја прочистува крвта, го стимулира апетитот и го чисти телото од токсини.

Многу луѓе пијат сок од поточарка, а се препорачува и да се пие разреден со вода во сооднос 1:5.

Препорачаната доза е една чаша на секои неколку дена, и не повеќе од тоа, бидејќи може да се појават несакани ефекти.

Сокот од поточарка може да се нанесува локално (надворешно) за лекување на секаков вид на кожа и состојба на косата.

Само втријте го сокот на засегнатите места или користете го сокот во форма на облога и конечно решете го проблемот со опаѓање на косата, како и некои проблеми со кожата.

За облога од поточарка, земете неколку листови од ова растение и измешајте ги со алкохол, потоа нанесете ја смесата на засегнатите места и завиткајте ја со завој. Оставете ја облогата неколку часа, потоа отстранете ја и исплакнете ја областа со ладна вода.

Дополнително, некои експерти тврдат дека има моќ да спречи бројни кардиоваскуларни проблеми.

ИЗДВОЕНИ